-->
-->
Возач од Швајцарија приведен во Тетово, возел скоро двојно побрзо од дозволеното
-->
Полициски службеници од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, вчера во 11.35 часот, го лишиле од слобода А.Љ.(37) од Швајцарија, поради сериозно пречекорување на дозволената брзина.
Како што соопшти денеска МВР, при сообраќајна и контрола со радар, било констатирано дека тој управувал возило „мерцедес“ со швајцарски национални ознаки со брзина од 155 километри на час на место каде што максимално дозволената брзина е ограничена со знак од 80 километри на час надвор од населено место.
Возачот бил веднаш приведен и задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
НАТО го поздрави мировниот договор меѓу Ерменија и Азербејџан
-
Сирија одбива да учествува на состаноците со курдските сили во Париз
-
Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија
-
Кабел со кој се крадела електрична енергија предизвикал пожар на куќа и бандера во Чаир
-
Пожар во автобус на ЈСП - во него немало патници
-
Исчезна 16-годишно девојче во Струмица
-
Опожарено возило во Скопје, нема повредени
-
18-годишник тешко повреден по тепачка во Чаир