Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино

Со 1,81 промили алкохол во крвта возел во Неготино, доцна синоќа бил приведен жител на неготинското село Криволак, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
-Синоќа во 23:30 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишија од слобода Р.А., на возраст од 41 година од село Криволак, неготинско. При сообраќајна контрола на булеварот „Маршал Тито“ во градот е сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со неготински регистарски ознаки, што го управувал и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол. Измерени му се 1,81 промили алкохол во крвта, соопштија од СВР - Велес.
Оттаму додадоа дека по целосно документирање на случајот, против него ќе била поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Блокирани сите гранични премини
-

Тензично стартуваше денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека
-

Превозниците ги блокираат граничните премини, бараат промена на правилата за влез во ЕУ
-

Проширувањето на ЕУ ќе биде високо на агендата на кипарското претседавање
-

Новоизбраниот народен правобранител Фатон Селами даде свечена изјава
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Билјана Муратовска, генерален секретар на Макам-Транс
