Возач со 1,81 промили алкохол приведен во Неготино

Со 1,81 промили алкохол во крвта возел во Неготино, доцна синоќа бил приведен жител на неготинското село Криволак, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
-Синоќа во 23:30 часот во Неготино, полициски службеници од ОВР - Неготино го лишија од слобода Р.А., на возраст од 41 година од село Криволак, неготинско. При сообраќајна контрола на булеварот „Маршал Тито“ во градот е сопрено патничко возило „фолксваген пасат“ со неготински регистарски ознаки, што го управувал и по преземени мерки, констатирано е дека е под дејство на алкохол. Измерени му се 1,81 промили алкохол во крвта, соопштија од СВР - Велес.
Оттаму додадоа дека по целосно документирање на случајот, против него ќе била поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“.
МИА
Ново на Сител
-

Обама: Убиството на Прети е повик за будење за секој Американец
-

Германија против Данска во дербито на денот на ЕХФ Еуро 2026
-

Најмалку седум лица загинаа во зимската бура што ги погоди САД
-

Хрватска државјанка осомничена за семејно насилство во Кавадарци
-

Со сослушување на сведоци продолжува судењето за „Пулс“
-

Исланд со осум голови разлика ѝ го нанесе првиот пораз на Шведска
-

Наполи убедливо поразен од Јувентус, Елмас одигра 70 минути
-

Србија европски првак во ватерполо
