Возачот кој со автомобил удри во толпа навивачи на Ливерпул останува во притвор

Британецот Пол Дојл, обвинет по седум точки за нанесување тешки телесни повреди со намера кога со автомобил удри во толпа луѓе за време на прославата на шампионската титула на Ливерпул, останува во притвор по неговото денешно прво појавување пред судот.
Инцидентот се случи во понеделникот попладне во Ливерпул, на прославата по повод освојувањето на титулата во Премиер лигата, кога 53-годишниот Дојл со автомобилот удри меѓу насобраните луѓе.
Вкупно 79 лица беа повредени, од кои четворица потешко, вклучувајќи и едно дете.
Повредените се на возраст од девет до 78 години.
По инцидентот, полицијата соопшти дека не станува збор за тероризам, но не утврди мотив.
Дојл денеска се појави на сослушување во Судот за прекршоци во Ливерпул и се изјасни за невин, објави телевизијата Скај.
Обвинет е за опасно возење и шест други точки од обвинението, вклучувајќи намерно предизвикување тешки телесни повреди.
Доколку биде осуден, Дојл би можел да се соочи со максимална казна доживотен затвор.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Каменот тежи на своето место, ни треба секој родум од Македонија кој може да придонесе за развој на татковината
-

Утре дожд и снег на планините, од петок стабилизирање на времето
-

Украина го објави ревидираниот мировен план од 20 точки, изготвен со САД
-

РКЕ: Зголемено отчитувањето на броилата - 95 отсто на тримесечно ниво, воведени нови мерки за подобра услуга
-

Поради немање кворум одложена седницата на Судскиот совет
-

Апел за помош: Исчезнат е скопјанец, семејството бара помош од граѓаните
-

100 нови амбулантни возила и решавање на паркингот во Клинички центар
-

Пронајдена марихуана при претрес во Штип
