Возел во спротивна насока, а кога бил запрен му се заканувал на полицискиот службеник, приведен вработен во МВР

На 01.04.2026 полициски службеници го приведоа С.Р. (45), вработен во Секторот за општи и заеднички работи на МВР. При вршење на физичка регулација на сообраќајот на крстосницата од ул. „Јордан Мијалков“ со ул. „Димче Мирчев“ во Скопје, полициски службеник од СВР Скопје запрел патничко возило „мерцедес“, управувано од С.Р., кој се движел во спротивна насока и воедно претекнувал колона на возила. Откако му бил побаран документ за идентификација, С.Р. се претставил дека е вработен во МВР и рекол дека нема лична карта, по што почнал агресивно да се однесува и да му се заканува на полицискиот службеник.
Од страна на полицискиот службеник, С.Р. е приведен и известен е Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, по што му се поднесени соодветни поднесоци по член 23, став 3, член 54, став 3 и член 86, став 8 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, член 4 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир и Член 15 став 2 од Законот за лична карта.
Ново на Сител
-

Облачно со сончеви периоди, во источните делови дожд и грмежи, температурата до 18 степени
-

Астронаутите на мисијата на Месечината испратија фотографии од Земјата
-

Нови напади низ Блискиот Исток, додека Израел го таргетира Бејрут
-

Бруно Фернандеш играч на месецот во Премиер лигата
-

ЗОИ 2026 без допинг афера, прв пат по 28 години
-

По долго време се открива уште едно скриено богатство на Стоби - мозаик во Куќата на Партениј
-

Телефонски разговор Путин - Ердоган за судирите на Блискиот Исток
-

Природно од Преспа со Златко Левков | Неформално | Sitel Podcast 143
