Македонија
30. July 2026 - 12:08

Вознемирувачки случај во Пробиштип: 74-годишник се самозадоволувал пред малолетно девојче

74-годишен маж од Пробиштип бил уапсен откако бил пријавен дека се самозадоволувал пред осумгодишно малолетно девојче.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот бил пријавен, а на 29 јули 2026 година околу 16:30 часот полициски службеници од ОВР Пробиштип го лишиле од слобода В.С.(74) од Пробиштип.

Мажот бил задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР.

Ново на Сител