Вработените во РТС им се обратија на студентите и ги повикаа колегите да излезат надвор

Новинарката на Радио Белград, Милена Божовиќ денеска им се обрати на студентите пред зградата на Радио телевизија Србија (РТС) во Белград, но и на нејзините колеги кои ги покани да излезат и да им се придружат, јави Бета.
Група вработени во РТС, членови на неформалната група „Наш протест“ се собраа пред зградата на јавниот сервис, која од синоќа е блокирана од студенти.
„Ние сме вработени во РТС и тука сме да ја браниме честа и угледот на нашата куќа и нашата професија. Од првиот ден ги поддржуваме студентите во нивните барања. Ги покануваме сите наши колеги да ни се придружат овде. Ако мораа да влезат преку скали и тајни премини, нека дојдат овде кај нас и барем нека излезат како луѓе“, им порача Божовиќ на колегите.
Студентите и граѓаните кои ја блокираа РТС одговорија со извици „излезете надвор“ и „исполнете ги барањата“.
Од синоќа блокирани се сите три официјални влеза во зградата на РТС. Вработените, сепак, дошле на работа влегувајќи низ ходникот и прозорецот од подрумот од кој биле исечени решетките за да се овозможи влез.
Ново на Сител
-

Земјотрес во близина на Кичево
-

УНИЦЕФ: Во Србија живеат 108.000 девојки и жени кои се омажиле пред да станат полнолетни
-

Авиолинија Скопје - Бодрум со „Изиџет“ од следното лето
-

Египет ќе користи вештачка интелигенција за борба против дезинформации
-

Трамп одобри извоз на чипови на „Енвидиа“ за Кина, дел од прометот оди кај САД
-

Пронајдени над 4300 парчиња пиротехнички средства во Штип, приведен 47-годишник | ФОТО
-

Најстудено во Крушево и Маврови Анови, дневната температура до 15 степени
-

Трамп ја нарече „непријатна“ казната од ЕУ за „Икс“ на Маск; закани за нови царини кон Канада и Мексико
