Македонија
26. August 2025 - 16:36

ВРЕДИ со пријава со Обвинителството - да постапи по извештајот од ревизијата за Бујар Османи

Обвинителството да отвори случај за Бујар Османи, по извештајот на државна Ревизија за време кога тој бил министер, бараат од ВРЕДИ. Според нив, постојат сериозни сомнежи за злоупотреба на120 милиони денари за организирањето на самитот на ОБСЕ пред две години, без да биде доставена документација и никаква евиденција.

Вицепремиерот Меџити тврди дека ова не е единствен случај за злоупотреби од Османи и најави дека ќе се бара одговорност за секоја штета на државниот буџет.

Османи пак ги отфрла сите наводи, вели никој не може да ме обвини за корупција. ВРЕДИ фабрикуваат афери за Самитот на ОБСЕ, бидејќи Меџити губи во анкетите, им возврати Османи.

Обвинителството ја примило пријавата на ВРЕДИ и ќе ги разгледува наводите. Во моментов велат оформен е предмет по извештајот за Јавното претпријатие за стопанисување со објекти за спорт во 2023-та, во кој опфатен е и центарот Борис Трајковски. Оттаму велат дека доколку овие наоди се дел од извештајот ќе се испитуваат и тие.

Меџити и Османи како политичлки ривали кои ќе се борат за глас повеќе во скопски Чаир, со различни ставови и за бадентеровото мнозинство поради кое во Сопбранието се блокирани клучни закони и именувања. Меџити најавува некакво решение иако вели нема разговори со албанската опозиција. Османи пак со порака дека албанците не можат да бидат исклучени од одлуките за кои е потребен консензус особено во изборниот процес.

Османи го впери прстот и кон премиерот Мицкоски, за прв пат се носеле одлуки за изборите без ДУИ, целта му била да ги исклучи албанците од изборните правила.

А од резултатот на изборното соочување ќе зависи кој се ќе биде опфатен со владината реконструкција која ја најави премиерот.