Времен режим на сообраќај на патен правец Гостивар - Тетово и делница Гостивар - Стража
Почнувајќи од 03.09.2025 г. во период од 2 седмици, на патниот правец Гостивар - Тетово и обратно од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат градежни истражувачки работи, поради што сообраќајот ќе се одвива под времен режим на сообраќај, соопшти АМСМ.
Виадукт Трејд – Дооел од 01.09.2025 г. започна со нова фаза на градежни активности, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај - времена семафоризација со наизменично пропуштање на возилата при санација на мост Здуње (мост на река Вардар), државен пат А2, делница Гостивар - Стража во временски период од 6 (шест) месеци.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 г. е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона, наведуваат од АМСМ.
Ново на Сител
-
Инфлацијата во август 4,4 проценти на годишно ниво, 0,2 на месечно
-
Вучиќ се сретна со новиот амбасадор на ЕКСПО 2027, Џеки Чен
-
Поскапуваат горивата
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ и Димовски го признаа прислушувањето
-
МВР: Септември почна со 5.171 сообраќаен прекршок, приведени 32 возачи
-
Северна Кореја одбележува 77 години од основањето со повик за единство и самостојност
-
МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините
-
„Ќе ги дигнел на клоци“ или „ќе ги фрлел од 6-ти кат“, виш јавен обвинител се заканувал и малтретирал пет службенички