Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2026

Во собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска втор ден продолжи амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2026 година. Поднесени се околу 210 амандмани, а денеска беа разгледани неколку амандмани од опозицијата кои не беа прифатени.
Со амандманите се бараа повеќе средства за Министерството за европски прашања, за Министерството за односи со заедниците, за одбележување на 25-годишнината од Охридскиот договор, како и за програмата за правична и соодветна застапеност на заедниците.
Дебатата се претвори во полемика и обвинувања меѓу опозицијата и владејачкото мнозинство за меѓуетничкиот соживот по говорот на пратеникот Фатмир Битиќи од СДСМ.
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски упати критики кон говорот на Битиќи, истакнувајќи дека неговото излагање е националистички настроено.
- Јас сум единствениот пратеник кој поднесуваше амандмани за изградба на средното училиште „Сами Фрашери“ во Куманово на албански наставен јазик. Преку своето влијание во општината и преку кадрите кои беа на раководни и се на раководни позиции од ВМРО-ДПМНЕ направивме проект, обезбедивме средства и денес училиштето се гради. После 1983-година, гимназијата „Сами Фрашери“ ќе биде првото училиште кое ќе биде изградено во Куманово. Е така колега Фатмир Битиќи се гради соживот во Куманово, не со националистички говори, не со шовинистички говори, туку со дела видливи за сите граѓани, рече Петрушевски.
Битиќи во репликата на Петрушевски рече дека разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е во начинот на гледање на општеството.
- Јас не ги гледам работите на ваши и наши. Сум бил вицепемиер и сум дал пари и за сала во Куманово и за училиште во Тетово и во секоја една општина. Нема вакво или онакво училиште, нема наши и ваши деца, рече Битиќи.
Според владејачкото мнозинство, опозицијата со барањето за скратување на средства од спортот, го казнува спортот и прави злоупотреба за да добие политички поени.
Седницата продолжува во 15:30 часот по редовната едночасовна пауза.
МИА
Ново на Сител
-

Макрон: Средбите со европските лидери се депресивни, ми недостига Меркел
-

На атинскиот аеродром пратка „облека“ од Тајланд криела 207 килограми марихуана вредна милион евра
-

Голема полициска акција во Куманово: Се разбива криминална група осомничена за изнуда, лихварство и перење пари
-

Трамп по изборниот пораз со необична тема: Ја фали балската сала покрај Белата куќа
-

10 полицајци приведени во Србија за брутално насилство врз демонстранти
-

Облачно со локален дожд
-

МВР официјално за трагедијата кај Богданци: На двојната смрт и претходела кавга меѓу малолетничката и нејзиното момче
-

Хакерски напад и врз системот за ладење на француската банка за крв
