Втор Економски Форум во Скопје со фокус на просперитетот во време на пресврти
Во Скопје денеска ќе се одржи Вториот економски форум во организација на Делфи Економскиот форум и Грчката бизнис асоцијација. Фокус на форумот ќе биде ставен на просперитетот во време на пресврти.
Форумот ќе го отвори премиерот Димитар Ковачевски, а најавено е учество на повеќе политичари меѓу кои и премиерите на Косово и Црна Гора, Албин Курти и Дритан Абазовиќ.
На панелот „Една година подоцна: Влијанието на руската агресија во Украина врз Југоисточна Европа“, заменик министерот за Европа и надворешни работи Артемис Мало и амбасадорите на Франција, Грција и Шведска ќе разговараат за влијанието на војната во Украина на национално и регионално ниво и за идни можните сценарија.
„Следење на Самитот во Тирана: Пристапувањето на Балканот во Европската Унија“ е вториот панел на којшто ќе се зборува за клучните точки од Самитот и нивното влијание врз иднината на регионот. Панелисти ќе бидат еврокомесарот Оливер Вархеји, Мартин Дворжак, заменик министер за надворешни работи на Чешка и евроамбасадорот Дејвид Гир.
Во попладневниот дел на конференцијата, на панелот „Инвестирање во инфраструктура и поврзување: Територијална кохезија, трансевропски мрежи: пат, железница, мостови, пристаништа и аеродроми“ ќе се обрати министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, а на панелот „Жените во првите редови на одржливиот развој“ градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска. Министерот за финансии, Фатмир Бесими, ќе учествува на дискусијата „Стратегии за одржување на економскиот раст во време на неизвесност“. На форумот ќе се зборува и за дигиталната трансформација и иднината на ИТ.
Ново на Сител
-

Муслиманите го слават Бајрам
-

Јаневска: Наскоро нова верзија на Законот за високо образование
-

Од СВР Охрид апелираат до сите возачи да ги почитуваат сообраќајните правила
-

Прилеп наскоро ја добива првата линија за секундарна селекција на отпад во Македонија
-

Зошто власта го одби предлог-законот за ГПС алки за насилниците?
-

Teма на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Ненад Савески ја презема функцијата државен јавен обвинител
-

Пред пожарот во „Пулс“, Дирекцијата за заштита и спасување никогаш не контролирала дискотеки
