Loading Video...
Кошарка
19. December 2018 - 19:40

Втора АБА лига: МЗТ го напаѓа првото место

Кошаркарите на МЗТ Скопје  од  натпревар во натпревар играат се подобро што резултираше со нова гостинска победа. Совладан тимот на  Хелиос Домжале со 92-73.

Нашиот претставник во Втората АБА лига  одлично го започна мечот и предводен од расположените Бојиќ и Стојановски направи предност  која  во продолжението ја надоградуваше и  однесе убедлива победа што е втора на гостински терен по триумфот во Сараево над Спарс.

Бојиќ го заврши мечот со 34 поени и 11 скока додека втор стрелец беше Вудард со 14 поени.

Со оваа победа  Металците се на бод  од лидерот Приморска со натпревар повеќе што не е недостижно доколку ја продолжат серијата на победи кај Борац во Чачак на 26. Декември.