Втора победа на македонските тенисерки во Били Џин Кинг купот

Македонската женска тениска репрезентација ја забележа втората победа во рамки на Третата Европска зона во Били Џин Кинг Купот, откако попладнево во Скопје беше поуспешна од Азербејџан со максимални 3-0.
По вчерашната стартна победа против Албанија со идентичен резултат, триумфот против Азербејџан беше заверен по двата сингл натпревари во кои Александра Симева ја победи Улвија Сулејманова со 2-0 во сетови (6-1, 6-1), додека Магдалена Стоилковска беше убедлива против Лала Еивазова со 2-0 во сетови без загубен гем.
Печат на победата ставија младите македонски тенисерки Ива Данева и Ана Митевска со победата во двојки над Сулејманова/Еивазова со 6-0, 6-0 за 31 минута игра.
Утре во дуелот од третото коло македонските тенисерки ќе играат против првиот носител од Б групата, селекцијата на Финска.
Ново на Сител
-

Кривичнa за четири лица од Прилеп, го оштетиле буџетот на Тутунски комбинат Прилеп за над 3,3 милиони денари
-

Водата во Северното Море со рекордно висока температура од 21,5 степени
-

Активни пожарите во Мариовско и општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила
-

Шпанија ќе премести околу 500 малолетници од Сеута во континенталниот дел на земјата
-

Принцот Хари и неговата сопруга Меган се враќаат во Велика Британија
-

Сеул проценува дека Северна Кореја има до 120 нуклеарни боеви глави
-

Тотенхем ќе купува кај Манчестер Сити
-

Трамп најави „економска војна“ против Иран и се закани со последици за земјите што го поддржуваат
