Второто полугодие почна без проблеми во Штип
Со минимален број наставници и ученици во изолација започна второто полугодие во основните и средни општински училишта во Штип. Според податоците кои од училиштата беа испратени до подрачната единица на Министерството за образование, Ковид состојбата во образовните установи е стабилна.
-Во однос на средните училишта во општина Штип, наставниот кадар во целост е присутен, додека имаме по еден до 2 случаи во петте основни училишта во градот. Меѓутоа, тоа се инцидентни случаи, така што наставниците се присутни во уќилиштата-изјави Соња Николова, советник за образование-ЛС-Штип.
Најголем број од учениците седнаа во училишните клупи, а од оние кои останаа во своите домови, само мал дел пријавиле изолација поради Ковид.
-Имаме бројќи кои што се некаде 20-30 ученици, до 50 во одредени основни училишта, меѓутоа овде станува збор за целокупна, сумирана бројка по било кој основ, не само по основ на Ковид позитивни ученици, додаде Николова
Од Центарот за јавно здравје информираат дека здравствената состојба во градот полека се стабилизира и во моментот има околу 200 активни случаи, пред се од повозрасната популација.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар