Вучиќ: Европскиот олош кој дојде да ја урива државава ќе биде процесуиран
Српската полиција откако доцна синоќа почна да растерува демостранти во Нови Сад, упадна по полноќ во зградата на Ректоратот на Универзитетот во Нови Сад и со нив беше и ректорот Дејан Мадиќ. Зградата на Ректоратот е под опсада на стотици полицајци и припадници на жандармеријата.
Студентите во блокадата објавија на социјалните мрежи дека има студенти, професори, граѓани и медицински работници се во зградата на Ректоратот, и дека полицијата ги спровела во амфитеатарот.
„На сите од ректоратот им беше наредено да бидат во амфитеатарот, сето ова го организираше ректорот Мадиќ, сега тропаат на врати, се сомневаме дека нешто може да се случува, адвокати доаѓаат“, напишаа студентите на Техничкиот факултет во Нови Сад.
Тие исто така изјавија дека припадник на жандармеријата нападнал студент од Филозофскиот факултет во амфитеатарот, и му избил од раце телефон што го користел за да снима што се случува во живо, јави Бета.
„Колега од Филозофскиот факултет кој снимал пренос во живо за веб-страница на факултетот во блокада бил нападнат, ова апсолутно може да се смета за напад врз новинар“, додадоа студентите.
Утрово околу три часот полицијата ги пушти студентите и граѓаните од амфитеатарот по неколкучасовно нивно задржување.
Околу полноќ полицијата беше распоредена и околу ПМФ во Нови Сад, но деканот и професори од тој факултет не дозволија полицицајци в о опрема за разбивање демонстрации да упаднат на тој факултет.
Полицијата употреби солзавец, шок бомби и палки за да ги растера учесниците на протестот пред Филозофскиот факултет и Факултетот за спорт и физичко образование во Нови Сад. По нивната акција студентскиот кампус беше испразнет од од студенти, професори и граѓани, по мирниот протест.
Министерството за внатрешни работи на Србија претходно соопшти дека имаат сознанија дека учесниците на ненајавениот собир во Нови Сад имаат намера да ја нападнат полицијата стационирана пред Филозофскиот факултет и Факултетот за спорт и физичко образование во тој град.
Во Нови Сад се одржа протест – Србија, дали се слушаме – на кој повикаа студентите во блокада. Причина беше кршењето на автономијата на универзитетот и прекумерната употреба на сила од страна на полицијата за време на протестот во претходните денови пред Филозофскиот факултет и Факултетот за спорт и физичко образование.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доцна синоќа се обрати по интервенцијата на полицијата и жандармеријата на протестот во Нови Сад, и нагласи дека полицијата строго професионално работела, додавајќи дека се уапсени неколку лица, и дека се очекуваат уште апсења.
„Повредени се 11 полицајци, кои беа нападнати од никаде. Тие само стоеја пред Филозофскиот факултет во Нови Сад“, изјави Вучиќ пред новинарите во зградата на Министерството за внатрешни работи во Белград.
Според него, на сите протести против владата во неколку градови во Србија се собрале 9.380 луѓе, од кои 7.020 биле во Нови Сад, каде само имало инциденти.
„Во Нови Сад, во присуство на претставници на Европскиот парламент, некои се обидоа да ја загрозат стабилноста и безбедноста на Србија…Тие сакаа по секоја цена да ги окупираат просториите на Филозофскиот факултет во Нови Сад и не успеаја“, рече Вучиќ.
Коментирајќи го фактот дека претставници на ЕП од Европските зелени беа на протестот, Вучиќ рече дека е „благодарен“ на нив.
„Некој олош се собра таму. Олош што не може да владее дури ни во своите земји. Јас сум им благодарен што ни покажаа каде им е местото и како мора да се бориме против оние што беа во Нови Сад вечерва… Оние што дојдоа да ја уништат Србија однадвор, од странство, мора да знаат дека ќе им се спротивставиме посилно отколку што мислеа“, рече Вучиќ.
Тој изјави дека на демонстрантите во Нови Сад „им помогна олош од Европската зелена партија, најлошиот европски олош што вечерва дојде во Нови Сад за да го поддржи ова насилство“ и дека ќе бидат процесуирани во согласност со законите на Србија.
Потпретседателот на Националното движење на Србија (НДС), адвокатот Милош Павловиќ, објави дека според член 8 од Законот за високо образование, на полицијата не и е дозволено да влезе во факултет, откако влегоа во зградата на Ректоратот на Универзитетот во Нови Сад.
„На полицијата вечерва не и беше дозволено да влезе во Ректоратот бидејќи немаше закана за општата безбедност, животот, здравјето или имотот. Веројатно предизвикување немири со цел полицијата да влезе во Ректоратот“, напиша Павловиќ на социјалната мрежа X.
Потпретседателката на Партијата за слобода и правда (ССП) Мариника Тепиќ го обвини српскиот претседател Александар Вучиќ дека неговата насмевка, во „видно алкохолизирана состојба“, покажува среќа што полицијата ги тепала луѓето во Нови Сад за време на протестот.
Во писмена изјава, Тепиќ оцени дека таквата насмевка ја покажува и омразата на Вучиќ кон Нови Сад.
Нови Сад е цел на најлошото насилство на своите поделби поради фрустрациите на секој чекор, засрамените и злоупотребените Кобри, а пред се затоа што луѓето упорно бараат одговорност за 16-те убиени под бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад и не дозволуваат злосторството да биде заборавено, истакна Тепиќ.
Партијата Србија центар (СРЦЕ) ја оцени полициска интервенција на протестот во Нови Сад како непотребна, брутална и злоупотреба на органите за спроведување на законот против граѓаните и студентите кои, според партијата, мирно протестирале.
„Невидената употреба на хемиски агенси и шок бомби може да се смета за намерно труење на граѓаните. По вторпат, по употребата на звучно оружје на митингот во Белград, Вучиќ сакаше да одржи демонстративна вежба за граѓаните за тоа што ќе им се случи ако протестираат против режимот“, се додава во соопштението.
Таа партија верува дека интервенцијата на полицијата била инсценирана, наведувајќи дека започнала „откако шок бомба била испукана од зградата на Филозофскиот факултет каде што била стационирана полицијата“.
„Вучиќ со тоа потврди дека никаква жртва што ја направил Нови Сад поради корупцијата на неговите соработници не му е света и тој го продолжи неподносливото понижување на овој град. Десет месеци по трагедијата, дури и не ги знаеме контурите на кривичната, а камоли политичката, одговорност на врвот на режимот“, се додава во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-
Почесна артилериска стрелба утре по повод Денот на независноста
-
Мицкоски: Ја стабилизираме економијата, трговската размена во пораст
-
Две лица приведени при обид да ограбат маркет во Чаир, по едно лице се трага
-
Вучиќ тврди дека се подготвуваат за 19 септември демонстрации против Канцеларијата за Косово и Метохија
-
Кај Дебар спречен шверц на добиток од македонска на албанска територија
-
Средба на министерот Муцунски со генерална директорка на Светската трговска организација
-
Приведен жител на неготинско Криволак, пријавен дека нападнал малолетник
-
Меси: Што и да биде и што носи иднината – само Бог знае