Вучиќ: Наскоро српската армија ќе има 40 борбени авиони

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во Куршумлија изјави дека српските вооружени сили наскоро ќе располагаат со 40 борбени авиони, оценувајќи дека состојбата на српската воена авијација денес е неспоредливо подобра во споредба со периодот пред 12 или 13 години.
За време на посетата на фабриката „Јумко“ во Куршумлија, Вучиќ се присети на периодот кога бил министер за одбрана и кога српските вооружени сили располагале само со еден оперативен борбен авион за воздухопловни манифестации, објави весникот „Политика“.
Претседателот на Србија нагласи дека способностите на српските вооружени сили наскоро ќе бидат значително поголеми, не само во однос на борбената авијација.
– Наскоро ќе имаме 40 борбени авиони, а да не зборуваме за ракетни системи, системи за повеќецевни фрлачи на ракети и сè останато што наскоро ќе можете да го видите – рече Вучиќ, пренесува „Политика“.
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
