Вучиќ се приклучи на Движењето за народот и државата и ги повика и граѓаните да го сторат тоа
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска објави дека официјално се приклучил на Движењето за народот и државата и ги повика граѓаните да го сторат тоа.
„Ве поканувам да се придружите на Движењето за народот и државата. Официјално, се приклучив“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил. Во видеото, тој истакна дека тоа не е само пристапница, туку „ветување и завет кон Србија“.
„Важно е што сме заедно во оваа борба, бидејќи народот и Србија отсекогаш биле и ќе бидат над се и над секој од нас“.
Иницијативниот состанок на Движењето за народот и државата, на кој присуствуваше Вучиќ, се одржа на 23 март, а на 12 април зборуваше на голем собир во Белград посветен на формирањето на тоа движење.
Следното собирање е закажано за Ниш од 16 до 18 мај, а централниот настан ќе биде в сабота во 18 часот.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Не го знам името на новиот гувернер, ќе имам средба со претседателката
-
Каја Калас во петок во Скопје на средба со премиерот Мицкоски
-
Мора да наоѓаме решенија за развој - Сиљановска Давкова за договорот за стратегиско партнерство со Обединетото Кралство
-
Таравари се сретна со Рама, тема на средбата прашања од значење за Албанците во регионот
-
Бобан Илиовски во одбрана на титулата светски првак во WАКО про
-
Акциска контрола во Тетово, пронајдени 453 штеки цигари и 199 килограми тутун без документација | ФОТО
-
Армискиот полигон Криволак од 26 мај до 9 јуни домаќин на војските на седум НАТО држави и две партнерски
-
Ким Џонг-ун набрзо ќе допатува во официјална посета на Москва