Вучиќ: Тргнаа во напад на Србија однадвор, поддржани од многумина одвнатре
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави денеска дека државата не е играчка, но дека многумина помислија дека е можно со неа да се играат и дека е можно секој и секогаш да ја уценува.
„Затоа тргнаа однадвор во напад врз Србија, поддржани од многумина одвнатре кои со години се обидуваат да ја освојат власта, некогаш на избори, некогаш без избори, но не успеваат затоа што народот не ги сака“, им порача Вучиќ на собраните граѓани во Брус.
Тој нагласи дека „државата Србија се однесува толерантно, трпеливо, на сите им нуди разговори“ и дека и денеска нуди разговори и дијалог.
„Оној момент кога некој ќе помисли дека ќе употреби насилство за да ја преземе власта, државата ќе се однесува како држава како и секаде во светот“, рече Вучиќ.
Тој им порача на граѓаните да бидат спокојни, бидејќи „земјата Србија не е грст овес што ќе ја јадат сите“, дека, како што рече, ќе го зачуваме мирот и стабилноста и дека Србија ќе оди напред и ќе расте.
Ново на Сител
-
Во недела и понеделник променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи
-
Советот на Општина Кочани го поништи решението на в.д. градоначалникот за запирање на одлуката за формирање паралелки со помал број ученици
-
Мајка и ќерка се степале пред угостителски објект во Кавадарци
-
Мицкоски: Пожарите на депониите се подметнати-државата жестоко делува
-
Алиу на 21-от Конгрес на лекари на Македонија: Дигитализацијата е еден од клучните столбови за унапредување на здравствениот систем
-
41-годишна тетовчанка приведена поради сомнение за посредување во вршење проституција
-
Меѓународниот Аеродром Скопје ја доби престижната награда за „Најпријатно аеродромско искуство во Европа”
-
Притвор за игуменот и други пет лица уапсени за продажба на икони и реликвии во Грција