За 10 дена 6.264 казни во сообраќајот: 151 лице лишено од слобода, одземени 53 возила

Во периодот од 01.03.2026-10.03.2026 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 6.264 издадени платни налози, 1.800 прекршоци се однесува на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.
Лишени од слобода за безобѕирно управување на возило биле 151 лице, од кои 32 за возење под дејство на алкохол, еден за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, три за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место, 50 за возење без возачка дозвола, 12 поради претходно изречена забрана за управување на возило.
Во истиот период одземени се 53 возила по член 300-б од Кривичниот законик.
Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, во текот на изминатите 10 дена од месец март евидентирани се 1.477 прекршоци за неправилно паркирање, како и 110 санкции за возење под дејство на алкохол.
Од друга страна пак, а согласно одредбите од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата санкционирани биле 43 возачи на мотоцикли за неносење заштитен шлем, а санкционирани се и 238 пешаци и еден возач на електричен тротинет. Исто така санкционирани се 754 учесници во сообраќајот кои што не користеле сигурносен појас. Согласно Законот за возила, 67 возила биле отстранети од сообраќај заради тоа што биле нерегистрирани, а 79 заради техничка неисправност. Санкционирани се и 25 возачи поради неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата (фолии).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.
Ново на Сител
-

Симулациска вежба на македонската полиција на охридскиот аеродром
-

Десеттата жртва од нападот во училиштето во Турција
-

Сиљановска - Давкова ќе се обрати на „Лидерскиот панел“ на Дипломатскиот форум во Анталија
-

Договореното примирје со Израел се слави во Либан, ОН повикуваат на трајно решение
-

Трамп: Иран се согласува да нема нуклеарно оружје повеќе од 20 години
-

Нетанјаху се согласува со прекин на огнот, но војниците ќе останат во јужен Либан
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Претставничкиот дом на САД го отфрли предлогот на демократите за прекин на војната со Иран
