Македонија
13. January 2026 - 12:26

За 10,3 проценти зголемен бројот на странски туристи во периодот јануари-ноември 2025 година

- Во ноември 2025 година 77 570 туристи оствариле 146 605 ноќевања во државава. Од вкупниот број туристи, 25,7 проценти се домашни, а 74,3  проценти се странски туристи.

Државниот завод за статистика денеска објави дека најмногу странски туристи во ноември имало од Турција, 12 401, по што следуваат  Германија, 11 812, Србија, 3 793, Грција 3 506,...

Бројот на ноќевањата во ноември 2025 година изнесува 146 605, од кои 33,9  проценти се од домашните туристи, а 66,1 процент од странските туристи.

Во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 6 проценти, со тоа што кај домашните туристи има намалување за 2,5 проценти, а кај странските има зголемување за 10,3 проценти.

Во периодот јануари – ноември 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 0,8 проценти така што кај домашните туристи има намалување за 4,3 проценти, а кај странските има зголемување за 6,9 проценти.

 

МИА