Македонија
26. August 2026 - 11:07

За Богородица обезбеден дополнителен превоз за сите верници и посетители до Манастирот во Матка

По повод Успението на Пресвета Богородица во петок (28 август) за претстојната манастирска слава, ќе биде обезбеден дополнителен организиран превоз за сите верници и посетители до Манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ – Матка.

Покрај редовната автобуска линија бр. 60, ќе сообраќа и дополнителен автобус по потреба до Полициската станица Матка.

Оттаму, посетителите ќе бидат преземани со минибус до најблиската пристапна точка до манастирот.

-Со љубов ве очекуваме да ја споделиме празничната радост,  Литургиски со соборна молитва и мир. Нека благословот на Пресвета Богородица биде со сите нас. На многаја лета!!! - посочуваат од сестринството во Манастирот.

 

МИА