За околу два часа распродадени картите за концертот на Металика во Атина

Околу два часа траеше продажбата на билети за концертот на Металика во Атина закажан за почетокот на мај следната година, а поради огромниот интерес за хеви-метал групата, картите по цена од 86 до 550 евра, беа експресно распродадени, јави дописничката на МИА од Атина.
Металика, по пауза од 16 години повторно ќе одржат концерт во Грција во рамките на нивната светска турнеа М72.
Концертот е закажан за 9 мај 2026 година на Олимпискиот стадион во Атина, а организаторите соопштија дека концертот е „солд аут“.
Во вторникот и четвртокот имаше претпродажба на билети за регистрираните во фан-клубот на Металика, додека пак вчера продажбата беше отворена за сите, но не траеше повеќе од два часа.
Цените на билетите беа 86,25 евра, 97,75 евра, 109,25 евра, 120,75 евра, 143,75 евра и 178, 25 евра во зависност од местото на трибините, додека пак за т.н. Snake pit, односно местото што е најблиску до сцената, влезницата беше 550 евра.
Американската хеви-метал група во Атина одржаа концерти во 1993 година, во 1999 година, во 2007 година, а последниот беше на крајот на јуни 2010 година.
Ново на Сител
-

Без вода корисниците од улицата „Ванчо Мицков“ во Карпош
-

Петрова и Клековски ќе ги презентираат резултатите од контролите кај приватни гинеколошки ординации со договор со ФЗО
-

Мицкоски и Тошковски на промоција на нови возила на македонската полиција
-

Папа Лав Шеснаесетти: Доста беше војна во Украина, сега Москва и Киев нека разговараат
-

Русија: Ракетата „Сојуз“ лансираше сателит во орбитата
-

Променливо облачно, дожд и снег во југозападните делови од државата
-

Захарова: Може да се забележи бавен, но постојан напредок во преговорите со САД
-

ТИТАН Усје тврди дека работи законски
