За продолжениот велигденско-мајски викенд, дежурни сите поликлиники во Скопје
Службите на здравствен дом скопје 24 часа ќе им бидат достапни на пациентите продолжениот празничен викенд
Продолжениот празничен викенд скопските поликлиники 24 -часа ќе им бидат достапни на граѓаните. Лекарска помош може да се добие во сите дежурните пунктови, информираа од Здравствен дом Скопје. Денеска пациентите најчесто се жалеле на настинки поради променливото време.
-Имавме пациенти со настинки, ларингит, но очекуваме како престојуваат празничните денови граѓаните да излегуваат во природа по паркови, на отворено да се појават и некои алергиски реакции, затоа јас би ги советувала сите да си ја носта со себе неопходната терапија пред се хронично болните, а кај децата да се внимава да бидат облечени соодветно на временските услови, изјави д-р Марика Орцева, од Поликлиника Идадија
Лекарите потенцираат деновиве да се внимава и со исхраната и со алкохолот
- После постите да се внимава да не се јаде обилно мрсна храна зачинета со чаша или флаша алкохол, бидејќи тоа е бомба за организмот, додава д-р Орцева.
Доколку се претера со храната и алкохолот, лекарска помош 24 часа ќе може да се побара и во Службата за Брза помош и на Ало Докторе, а вообичаено дежурни екипи има и на скопските клиники и во ГОБ 8 септември и старата градска болница.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
