За „Пулс“ досега изведени 1.390 материјални докази и сослушани 45 сведоци и пет вешти лица - не е одложено ниту едно рочиште

Од почетокот на судењето за случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, досега не е одложено ниту едно рочиште.
Досега се одржани вкупно 49 рочишта, од кои 40 се годинава, а до крајот на 2026 се закажани уште 15 рочишта, информираа денеска на брифинг во Основниот кривичен суд Скопје
На 14 септември заврши изведувањето на доказите на Јавното обвинителство. Изведени се 1 390 материјални докази и сослушани 45 сведоци и пет вешти лица.
Од 1 октомври се продолжува со изведување на докази на одбраната, а најавени се 244 сведоци.
Притворот на првообвинетиот Дејан Јованов - Деко законски истекува на 3 октомври, а одбраната веќе најави дека ќе поднесе гаранција во имот од околу 200 илјади евра, иако тоа не е задолжително.
Судот, како што посочија на денешниот брифинг во Кривичен, без мислење од Обвинителството не може да донесе одлука.
- До денеска не се вратени од ОЈО. Нема мислење и ние не можеме да одлучиме. На 3 октомври истекува. Ќе почекаме до петок - информираа на брифингот во Кривичен суд.
Случајот се наоѓа во доказна постапка и го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители.
Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.
МИА
Ново на Сител
-

Почнува неделата на „Европски дијалози, европско наследство и иднина“
-

Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-

Владата ја чека Фон Дер Лајен со предлог за разговорите со Бугарија
-

Останките на Цар Самуил од Солун во Софија, историски чин или политичка порака?
-

Дел од спотот на песната “Секси мама” на косовски рапер снимен во “Македониумот” во Крушево
-

Државните енергетски компании се подготвени за претстојната зима
-

Тероризам, киднапирања, оружје - тројца уапсени кои имаат поврзаност со ИСИС
-

Болестите на срцето водечка причина за смртност во Македонија
