Македонија
28. March 2022 - 12:19

За само три месеци за 50% зголемен обидот за влез на мигранти во земјава

За неполни три месеци долж јужната граница откриени  се 15 случаи за криумчарење мигранти или за околу 56 проценти повеќе во однос на истиот период лани.

 Мигрантите најчесто ги водат криумчари од Пакистан кои илегално остваруваат влез од грчка на македонска територија по што повторно илегално продолжуваат да се движат кон внатрешноста со цел да бидат преземени од криумчари.

И годинава криумчарите   најчесто користат патнички возила за превезување на мигрантите за разлика од претходно кога користеа поголеми возила и камиони. Регионот на Гевгелија и Дојран, граничниот премин Богородица, автопатот Пријателство и понатаму остануваат локациите преку кои криумчарите најчесто ги водат илегалните групи, но патролните тимови на регионалниот центар Југ регистрирале дека освен ниско рамничaрскиот терен тие во последно време користат и нови начини на движење како што се терените низ планината Блеасица.

За разлика од откривачката функција која има нагорен тренд, бројот на илегални преминувања на јужната границата годинава бележи намалување. Од јануари до март на подрачјето на регионалниот центар Југ биле откриени 1696 илегални мигранти или за 57 проценти помалку во однос на истиот период лани кога се откриени близу 4000.

Пакистанците и понатаму се најбројни, а потоа следуваат државјаните на Сирија, Авганистан,Индија Мароко, Куба,  Сомалија,  Бангладеш и Камерун.