Македонија
19. October 2026 - 21:12

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје

„Не нападнаа три кучиња и за влакно избегнавме трагедија“. Уште една драматична ситуација на скопските асфалти ги потсети надлежните за сериозноста за проблемот со бездомните кучиња.

Загрижена мајка на социјалните мрежи реагира дека била нападната од глутница кучиња кај Цементарница додека пешачела со својата 7-годишна ќерка.

„Додека пешачев со мојата 7-годишна ќерка по тротоарот спроти бензинската пумпа „Лукоил“, кај Цементара, на ул. „Борис Трајковски“, нè нападнаа ТРИ КУЧИЊА! За влакно избегнавме сериозни повреди! За да се спасиме, бевме принудени да истрчаме на улица по која се движеа автомобили, дополнително загрозувајќи ги нашите животи! ДЕНЕС ИМАВМЕ СРЕЌА. НО ШТО АКО УТРЕ НЕКОЕ ДЕТЕ ЈА НЕМА?“, пипува Елена Штерјов на социјалните мрежи, барајќи одговорност и итна реакција од надлежните.

Но, проблемот не е само во кучињата што веќе се на улица. Од ЈП „Лајка“ предупредуваат дека постојат индиции оти организирани групи носат и оставаат бездомни кучиња од други градови во Скопје.

Дополнителен проблем е што прифатилиштето веќе ги надминува своите капацитети. Но, и поголем број места за згрижување  во Лајка, не би биле трајно решение доколку продолжи напуштањето на домашни миленици и нивното неконтролирано размножување.

Случајот во кој мајката и ќерката се нападнати од кучиња не е изолиран, туку повремено се случува во секоја општина. На првимер, граѓанин на Гостивар вчера објави видео за кое тврди дека посведочил како група на кучиња нападнале деца на тротитет и пешаци.