Македонија
7. November 2023 - 16:34

За власта нерелевантна, опозицијата со осуда за картата на „голема Албанија“

Нерелеванта, ама и задоцнета. Премиерот пресметал дека споменикот со карта на „голема Албанија“ кој го откри Ахмети, доцни век и половина. Ковачевски вели, таква карта има секоја држава на Балканот, но денес, важни биле само картите на ЕУ и НАТО.

Музејот во Сопот каде главен експонат е картата на „голема Албанија“ го осуди опозицискиот лидер Мицкоски. Смета дека политичарите наместо национализам, на граѓаните треба да им понудат подобар животен стандард.

Обединетата Македонски дијаспора ја повика владата да го отстрани споменикот. Тој бил провокација и не придонесувал за мирот и стабилноста на Балканот.

„Изградбата на споменик што ја велича територијалната експазионистичка идеологија не е погодна за поттикнување, разбирање и помирување. Наместо тоа, таа овековечува опасен наратив кој ја загрозува деликатната рамнотежа на Балканот“

Според Ахмети, музејот бил посветен на 60тина убиени Албанци во 1944, но место добиле и команданти на УЧК. Во поставката има и фотографија од Ахмети во воена униформа.