Македонија
17. March 2017 - 23:22

„За заедничка Македонија“: Идниот собраниски спикер да се откаже од платформата

Најпознатото македонско оро Тешкото кое се играше пред собранието го одбележа вечерашниот масовен протест на граѓанската иницијатива За Заедничка Македонија.

Токму играорците го предводеа маршот на 19-тиот ден од протестите.

Фолклористите порачаа дека ја сакаат Македонија унитарна и заедничка...

И вечерва низ скопските улици маршираа и пееа илјадници граѓани од сите генерации.

Организаторите ги повторија нивните барања и повикаа кој и да е претседател на собранието да ја отфрли тиранската платформа.

Протестите и вечерва поминаа мирно и достоинствено, а од граѓанската иницијатива најавија собири активности и за време на викендот.