Забрана за користење на водата во Гостивар
Да се конзумира исклучиво купечка вода, а по детално прочистување на системот, водата од чешма да се користи со превривање. Ова се итните медицински препораки по масовното труење во Гостивар. Додека над 1200 граѓани се лекуваат од стомачни тегоби, микробиолозите предупредуваат на опасноста од загадувањето кое ги поттикнало симптомите. Според микробиологот д-р Пановски по толкав број на заболени во град како Гостивар, станува збор за епидемија на која треба итно и внимателно да се пристапува.
Микробиологот д-р Никола Пановски не памети ваков случај со толкав број заболени во само два дена.
Постои прецизен Закон за заштитни зони кој точно дефинира каква е регулативата за изворите и водоснабдителните системи, каков што е овој во Гостивар. Од Здружението на млади правници потенцираат, доколку се докаже одговорноста на инволвираните, сите кои се вклучени во овој нелегален приклучок ќе одговараат кривично.
Ниту во медицинската ниту во правната пракса во земјава не се памети ваков случај со контаминација од вакви размери директно преку градскиот водоснабдителен систем. Одговорноста за загрозување на јавното здравје правниците велат е лесно докажлива на суд, па така медицинската дијагноза за загадената вода ќе треба да се преточи во правна разрешница.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
