Македонија
7. April 2026 - 16:35

Забранета водата за пиење во осум охридски села

Забранета водата за пиење во осум охридски села. Во Свиништа, Завој, Куратица, Речица, Опеница, Вапила, Косел и Ливоишта водата не е безбедна за пиење. Лабораториските анализи покажале дека недостасува резидуален хлор, што укажува на несоодветна дезинфекција.

Дополнително, во четири од селата - е утврдено и микробиолошко загадување со бактеријата Ешерихија коли, што ја влошува состојбата и претставува сериозен ризик по здравјето на населението. Причините за ваквата состојба според надлежните се нередеовно одржување на селските водоводи.

Согласно законот месните заедници се задолжени за одржување и хлорирање на водата но  за жал во голем дел тие  се нефункционални .За жителите на погодените села, ситуацијата претставува сериозен секојдневен проблем. Недостигот на безбедна вода директно влијае врз домаќинствата, училиштата и основните хигиенски услови.

Забраната е донесена со решение на државен инспектор за храна, а жителите се повикани водата да не ја користат за пиење сѐ додека не се отстранат утврдените недостатоци и не се потврди нејзината исправност.Новите анализи ќе се знаат по празникот Велигден.