Заедничка контрола на МВР и ДИТ: Седум турски државјани извршувале градежни работи без документи
Седум турски државјани се затекнати како извршуваат градежни работни активности без регулиран привремен престој за странец по основ на вработување и без соодветна дозвола издадена од Агенцијата за вработување, информираа денеска од МВР.
Како што појаснија од МВР, вчера полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Скопје при Регионалниот центар за гранични работи Север во содејство со инспектори од Државниот инспекторат за труд извршиле контрола на градежен објект на подрачјето на Аеродром, Скопје.
По доставено барање за поведување прекршочна постапка против сите седум лица по член 217 став 1 и став 2 од Законот за странци, Основниот суд Скопје им изрече глоби од 250 евра и им издаде решенија за враќање на странец.
Ново на Сител
-

Мицкоски се сретна со Гутереш: Потврдена одличната соработка меѓу Обединетите нации и Македонија
-

Трамп го отфрли предлогот на Иран за седумдневен прекин на огнот
-

Променливо облачно, со локален дожд
-

Тошковски: Од 12 октомври „Безбеден град“ ќе се применува во Охрид, Дебар, Кичево и Струга
-

Шведски и фински „ловци“ подигнати по тревога за пресретнување на руски воени авиони
-

АХВ: 560 вонредни контроли во објектите за производство на сладолед и мраз, издадени 140 решенија за утврдени неусогласности
-

Земјотрес почувствуван во Битола, Ресен и околината
-

Облачно и постудено со повремен дожд
