Загинат и петмина ранети во оружена престрелка во трговски центар во американската сојузна држава Луизијана

Едно лице е убиено, а петмина се ранети во престрелка во трговски центар во американската сојузна држава Луизијана.
Според полициските информации, инцидентот се случил вчера попладнето во зоната за храна во трговскиот центар „Mall of Louisiana“ во Батон Руж. Притоа дошло до расправија меѓу две групи, што преминала во престрелка.
Властите првично соопштија за десет повредени, но подоцна бројот беше ревидиран. Пет лица се уапсени, соопшти локалната полиција.
На паркингот на трговскиот центар веднаш по информацијата за инцидентот биле распоредени десетици полициски возила, додека неколку хеликоптери кружеле над областа, а вооружени полицајци со панцири патролирале на терен.
Очевидците на настанот велат дека посетителите и вработените во трговскиот центар поанично бегале и врескале…
„Помислив дека станува збор за терористички напад“, изјави Алекс Терио, електротехничар кој работел во објект на неколку метри од местото на настанот.
МИА
Ново на Сител
-

УЈП: 27 април е последниот ден од законскиот рок за поднесување на ДДВ пријавата и за плаќање на ДДВ долгот
-

Алиу: Најголем дел од здравствените работници работат чесно, совесно и стручно
-

Николоски: Фокусот на Владата е да изгради модерни транспортни коридори, подобра инфраструктура значи силна економија
-

Тошковски од Атина: Криминалот и тероризмот функционираат како хибридна закана, која бара заеднички координиран одговор
-

Лесната пешадиска баталјонска група оценета како борбено подготвена за извршување на својата мисија
-

Сиљановска-Давкова: Парламентарниот дијалог има незаменлива улога за мирот
-

Сиљановска - Давкова: Поддржувам укинување на Пржинската влада, двојно државјанство не треба да има и за претседателот и министрите
-

Ученик во основно училиште во Арачиново прободен со нож од соученик
