Захарова: ОН и УНЕСКО да не ја „ставаат главата во песок“ пред злосторствата на Киев

Русија ќе продолжи да бара суштински одговор од меѓународните институции за секое злосторство што украинските власти го направиле против цивилното население и руските новинари, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова по повод Светскиот ден на слободата на медиумите.
- Очигледниот напад на Западот врз самите принципи на здравото демократско општество и основните човекови права се спроведува со едногласен молк од релевантните меѓународни тела како што се УНЕСКО, УНХЦР и ОБСЕ, чија должност и причина за постоење е да спречат такви манифестации – се наведува на сајтот на руското МНР.
Како што наведе Захарова, меѓународните институции продолжуваат да затвораат очи пред „монструозните злосторства на киевскиот режим против цивилното население, што, според меѓународното хуманитарно право, ги вклучува и медиумските работници“.
- Со ретки исклучоци, тие претпочитаат да ги игнорираат намерните убиства и напади врз домашните новинари и воени дописници, обично ограничувајќи се на бесмислени изјави и празни разговори. Ние, од своја страна, нема да дозволиме да ги забиваат главите во песок обидувајќи се да ги заштитат украинските насилници и нивните западни послушници, и ќе продолжиме истрајно да бараме суштински одговор на секое злосторство или терористички напад против руските граѓани – нагласи Захарова.
МИА
Ново на Сител
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
-

Сезонските работници во угостителството наголемо заминуваат, угостителите пак се надеваат на средношколците
-

Законот за сезонски работници ги дава првичните резултати, но потребни се одредени измени во однос на ограничувањето на деновите за ангажман
