Закажано судењето по тужбите на Блејк Лајвли за сексуално вознемирување

Правната битка меѓу американската глумица Блејк Лајвли и режисерот Џастин Балдони го добива својот облик. И двата случаи по тужбите на Лајвли се закажани за судење на 9 март 2026 година, наведе судијата Луис Џ. Лиман од Окружниот суд на САД за Јужниот Округ во Њујорк.
Лајвли, инаку, го тужи филмското студио „Вејферер“ (Wayfarer), Балдони – режисерот на филмот „Ова завршува со нас“ (It Ends With Us) каде што таа глумеше, како и продуцентот Џејми Хит, публицистката на Балдони – Џенифер Абел, публицистката Мелиса Нејтан и повеќе други личности. Глумицата тврди дека била жртва на сексуално вознемирување и на кампања за оцрнување почната „како одмазда“, за таа да не проговори за тоа недолично однесување. Балдони ги отфрли обвинувањата за сексуално вознемирување.
Тој пак, поднесе противтужба кон Лајвли, нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс и нивниот публицист Лесли Слоун, за клевета и изнуда. Бараната отштета е 400 милиони долари.
Правниот стручњак Грегори Дол од Лос Анџелес, кој не застапува ниту една од страните, неодамна изјави за „Пипл“ дека очекува спогодбата да се случи пред случаите да стигнат до судење.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
