Законот за социјално претприемништво стои само на хартија
Седум години предлог Законот за социјално претприемништво стои на хартија.
Системот за социјална заштита во Македонија е димензиониран само да нуди помош, но не и да оспособува кадар кој сам ќе заработува.
Без соодветна законска легислатива, нема пристап до странските фондови за оваа намена, а доста тешко е да се започне бизнис доколку не постојат финансиски средства.
Единиците на локалната самоуправа немаат доволно средства, а знаеме дека во делот на поддршката на социјалните претпријатија, барем иницијално како старт ап се потребни одредени грантови, со цел да се иницира ваква активност. Значи, не е доволно само да се препознае, туку е потребна дополнителна регулација-изјави Проф. Страшко Стојановски - УГД Штип.
Иако се уште во самиот зародиш и со лимитирани финансии, социјални претпријатија сепак постојат и се мапирани. Едно од најпознатите е струмичкото „Сократ“ кое неколку години функционира, произведува органска храна, а ангажира лица кои имаат проблеми со зависности. Во Штип социјално препријатие рециклира тектилен отпад.
Работи со отпадокот од текстил, кој што е голем предизвик и проблем во Штип. Значи, го преработува и реупотребува во нова гардероба која може понатаму да се користи, изјави Сања Манчева, претседател на „КО-Креатори“ - Здружение за развој на социјално претприемништво.
Концептот на социјално претприемништо многу повеќе допира до младите луѓе, смета Манчева, посебно во време на економска, еколошка и енергетска криза, зашто исполнува две мисии, социјална и економска.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар