Законот за високо образование во понеделник ќе биде објавен на ЕНЕР на увид на јавноста
Во понеделник јавноста ќе има на увид што од забелешките на стручната фела е прифатено во Законот за високо образование. Текстот ќе биде објавен на ЕНЕР за увид во измените кои се направени по неколку неделните јавни дебати на сите универзитети во Македонија. Министерката Јаневска рече дека прифатиле еден труд помалку како критериум за магистерска и докторат, помал процент за банкарска гаранција за приватните универзитети, нови критериуми за трет циклус студии.
Во Скопје се одржува меѓународна конференција посветена на интернационализацијата на високото образование. Фокусот е ставен на потребата од зајакната соработка меѓу универзитетите од регионот и нивно поактивно вклучување во европскиот образовен и истражувачки простор. Експертите разменија идеи и искуства за воведување нови дигитални алатки и реформи за да се зголеми конкурентноста на дипломите на пазарот на труд, а со тоа и да се спречи одливот на мозоци.
Министерката Јаневска најави дека со почетокот на новата академска година ќе бидат целосно завршени реконструкциите на домовите „Кузман Јосифовски-Питу“ и „Стив Наумов“ а од септември ќе следи градежна офанзива во сите останати.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
