Законот за заштита од пушење не се одложува, велат од МЗ

Министерството за здравство ги демантира тврдењата дека ќе има одложување на донесувањето и спроведувањето на законот за заштита од пушење и најавува дека следната недела финалната верзија ќе биде доставена до Владата. Фазноста, велат од МЗ, се однесува на начинот на примена во почетниот период, при што првата фаза ќе биде со засилен надзор, информирање и опомени, бидејќи, како што нагласуваат целта е институциите, угостителите, и граѓаните да се адаптираат, да добијат јасни упатства и поддршка.
- Министерството за здравство останува целосно посветено на донесување и имплементација на Законот за заштита од пушење, согласно законските рокови. Во моментот се финализира анализата на пристигнатите коментари од јавната расправа на ЕНЕР, како и ставовите доставени од засегнатите страни, институциите и бизнис заедницата, по што следната недела финалната верзија ќе биде доставена до Владата, велат од МЗ.
Потенцираат дека овие усогласувања не ја менуваат суштината на законот, као и дека целите остануваат јасни и непроменети - спречување на започнување со пушење кај младите и создавање генерации без никотинска зависност, заштита на работниците и граѓаните од пасивно пушење во затворени јавни и работни простории.
-Во однос на наводите за „фазна имплементација“, појаснуваме дека тоа не значи одложување на неговата имплементација по усвојувањето во Собранието. Законот ќе стапи на сила по неговото донесување согласно законските рокови. Фазноста се однесува на начинот на примена во почетниот период, при што првата фаза ќе биде со засилен надзор, информирање и опомени. Целта е институциите, угостителите, и граѓаните да се адаптираат, да добијат јасни упатства и поддршка, а културата на почитување на правилата да се изгради одржливо на долг рок, појаснуваат од Министерството за здравство.
Посочуваат дека како институција остануваат отворени за комуникација и навремено информирање на јавноста за секој следен чекор од процесот.
МИА
Ново на Сител
-

Јавните обвинителства лани поднеле 334 повеќе обвиненија во споредба со 2024
-

Савески: Еден обвинител работи за тројца, но квалитетот на одлуките не е нарушен
-

74-годишен маж нападнат од неговиот син во Виница
-

Се скарале, па истурил врело кафе врз сопругата - уапсен 52-годишник од гостиварско
-

16,7 милиони денари префрлени за наводна набавка на пилешки нозе – Финансиската полиција откри шема
-

Телото на исчезнатиот скопјанец синоќа било извлечено од водите на Охридското Езеро
-

„Иднина која инспирира“: Пет проекти добиваат поддршка од dm, а граѓаните избираат меѓу три за дополнителна поддршка
-

Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор, Весељи на 18
