Заловени 96 говеда во Крива Паланка, АХВ се соочува со опструкции од поранешните сопственици

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) досега залови 96 говеда во Крива Паланка. Како што потврди за МИА, се работи на изнаоѓање соодветно одржливо решение за решавање на проблемот, во координација и соработката со сите надлежни институции, вклучително и локалната самоуправа.
Проблем се непристапниот терен, но и опструкциите од поранешните сопственици на кравите.
- АХВ спроведува активности за решавање на проблемот со говедата, односно нивно заловување и покрај предизвиците со кои се соочува - непристапен терен и опструкции од поранешните сопственици. Се работи на изнаоѓање соодветно одржливо решение за решавање на овој проблем со координација и соработката со сите надлежни институции, вклучително и со локалната самоуправа, со цел заедничко преземање соодветни активности и изнаоѓање решение во рамки на законските надлежности на секоја институција, водејќи сметка за заштитата на здравјето на луѓето и благосостојбата на животните, истакнуваат од Агенцијата за храна и ветеринарство.
Градоначалникот на Општина Крива Паланка Сашко Митовски завчера побара од Владата и АХВ да најдат законска можност за решавање на проблемот со добитокот. Посочи дека граѓаните предолго трпат материјални штети, а правосилните и извршни решенија за одземање на животните, што постојат повеќе од две години, сè уште не се целосно спроведени. Митовски денеска, заедно со сограѓаните, поднесе неколку кривични пријави поради, како што наведе, сомневања за злоупотреба на службената положба, неспроведување на правосилните и извршни решенија за одземање на добитокот и загрозување на безбедноста и здравјето на граѓаните.
- Бараме да се испита одговорноста на надлежните службени лица во Агенцијата за храна и ветеринарство и Агенцијата за управување со одземен имот. Поднесовме и претставка до Државната комисија за спречување на корупцијата, како и барање за вонреден инспекциски надзор до Државниот управен инспекторат поради неспроведувањето на решенијата, напиша градоначалникот на својот фејсбук-профил.
МИА
Ново на Сител
-

Заловени 96 говеда во Крива Паланка, АХВ се соочува со опструкции од поранешните сопственици
-

Македонските фудбалерки против Андора стартуваат во Лигата на нации
-

Руската вакцина против рак со охрабрувачки резултати кај првиот пациент, следуваат уште 120 пациенти до 2027 година
-

Вработен во ДЗС осомничен за примање поткуп од 32.000 денари, Обвинителството бара притвор
-

Вучиќ: Не можат да ме победат со аргументи, ќе се обидат да ме убијат, уапсат или лустрираат
-

Ужас на ГАК: На бебе старо два дена со ножици му отсекле дел од прст при отстранување инфузија
-

Струмичанец пријавен за измама: Зел 1.200 евра за миксета од Германија, но не ја испорачал
-

Приведени 6 возачи во текот на изминатото деноноќие, 3 од нив имале активна забрана за управување моторно возило
