Македонија
3. April 2026 - 13:49

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива

 

Заматена е водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива - соопштија од јавните комунални претпријатија од двете општини.

- Поради обилните дождови на изворите Лукар, известуваме дека водата во градскиот водовод е заматена и пред пиење потребно е да се преврива. ЈП „Комуналец“ - Кавадарци ја следи состојбата и дополнително ќе извести кога повторно ќе се нормализира - информираа од јавното претпријатие.

Известување за превривање на водата за пиење испратија и од неготински „Комуналец“.

 

МИА