Зоран Јовановски од Струмица сo инвалидска количка помина 42 км на Скопскиот маратон | ВИДЕО
Зоран Јовановски од село Ангелци Струмица e единствениот кој со инвалидска количка помина 42 километри на Скопскиот маратон. Ова е петто учество на Зоран на скопскиот маратон во различни дисциплини. Ваквиот подвиг бара посебна физичка подготвеност и многу тренинг, а со оглед на условите во кој живеат лицата со попреченост, секојдневните активности се еден вид тренинг.
Мотивацијата да почне да учествува на маратони, Зоран ја добил во Белград кога бил поканет на настан каде видел голем број лица во инвалидски колички како учествуаат на маратони. Во разговорот со лицата таму му посочиле дека таквата појава е нормална во Србија и другите земји. Негова заложба е истото да биде нормална појава и во Македонија. Во почетните години на негово учество голем број од луѓето со стереотипи и сомнеж гледале на неговиот обид. Токму затоа Зоран се обидува преку различни активности и подвизи да ги урне таквите стереотипи покажувајќи дека физичката попреченост не смее да биде пречка во исполнувањето на целта. Негова желба е се повеќе лица со попреченост да се вклучат во спортските активности за да заедно ја зголемат свесноста на околината и инситуциите за подобрување на благосостојбата на лицата со попреченост.
Зоран има желба и цел е да учествува на маратонот во Берлин и истиот успешно да го заврши.
Ново на Сител
-
Училишниот прибор ќе поевтини за најмалку 10 и 15%
-
Заврши обуката на пожарникарите – утре 352 лица ќе потпишат договори за работа
-
Преглед на вестите од светот
-
Превентивни прегледи од областа на медицина на трудот, ќе бидат евидентирани во Мој термин
-
Дали јадењето во ресторани станува луксуз
-
Заврши жетвата, приносот во Овче Поле под очекуваното
-
Преглед на вестите од светот
-
Утре стапуваат во сила новите царини на Трамп