Македонија
17. May 2026 - 13:19

Запален автобус на автопатот Гевгелија-Скопје

На 16.05.2026 во СВР Велес е пријавено дека околу 16:15 часот на автопатот Гевгелија-Скопје, во близина на наплатна станица Отовица, се запалил автобус „темса“ со прилепски регистарски ознаки, управуван од С.П.(59) од Прилеп. Сите патници навремено го напуштиле автобусот и со друго возило биле пренесени во Скопје.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Велес. Известен е јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес, соопшти МВР.