Македонија
29. March 2026 - 16:38

Запленети 40 тони јајца на Табановце

Над 40 тони свежи јајца се запленети на граничниот премин Табановце при обид за влез во државата. Агенцијата за храна и ветеринарство во соработка со царинската служба откриле обид за шверц. Јајцата биле во товарно возило скриени зад палети со друга роба која била декларирана во камионот.

Јајцата требало да завршат на македонскиот пазар како домашно производство. По насока на инспекциските служби заплената е депонирана и уништена на Дрисла.

За лицата кои биле вклучени во обидот за шверц на јајца ќе бидат изречени соодветни мерки и ќе следуваат дополнителни проверки на нивното досегашно работење. Контролите на АХВ продолжуваат  во насока на откривање небезбедна храна.