Запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети во акција на мобилен царински тим

Во акција на мобилен царински тим, запленети се 40.872 парчиња пиротехнички средства – петарди и огномети, кои претставуваат ризик по здравјето на граѓаните.
Како што стои во соопштението на Царинската управа, сторителот е македонски државјанин од Гостивар и против него е поднесена кривична пријава за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и со експлозивни материи, казниво по Кривичниот законик.
– Делото е откриено на граничен премин Блаце, при преглед на возило со швајцарски регистарски таблички. При претресот, царинските инспектори од мобилниот тим, забележале дека задните седишта се спуштени напред, при што целиот тој простор и багажникот од автомобилот биле исполнети со пиротехнички средства. Во текот на истрагата е утврдено дека сторителот ги набавил нелегалните распрскувачки материи од Приштина и истите сакал противзаконски да ги внесе во Македонија, стои во соопштението.
Употребата на нелегални пиротехнички средства, додаваат, претставува сериозна закана по безбедноста и здравјето на граѓаните, особено за најмладите. Царинската управа, велат, и понатаму ќе продолжи со засилени контроли и координирани активности со надлежните институции со цел спречување на нелегалната трговија и заштита на јавната безбедност.
МИА
Ново на Сител
-

Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот аеродром е легализиран
-

Приведени возачи од повеќе градови кои возеле под дејство на алкохол, еден од нив предизвикал и сообраќајка
-

Бесплатен паркинг во Центар за новогодишните и божиќните празници
-

Цветинова награда за мир за Доналд Трамп
-

Нов Зеланд со огномети и јавни настани ја дочека Новата 2026 година
-

Новогодишен воз на Железници Транспорт на 2, 3 и 4 јануари
-

Запленети над 40 илјади парчиња петарди и огномети во акција на мобилен царински тим
-

Поранешниот директор на затворот Шутка Филип Андов - Сокол осуден на осум месеци затвор
