Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на правно лице во Зелениково
Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност, Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, со поддршка на Единицата за брзо распоредување, од објект на правно лице за производство на марихуана за медицински цели, лоциран во општина Зелениково, одземени се 2014 килограми сув цвет од растението канабис.
Како што соопшти МВР, канабисот е одземен од управителот Ш.Ф.(43) од Република Турција, поради утврдени нерегуларности во работењето, спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, за што веќе против правното лице и управителот од страна на МВР е поднесена кривична пријава по чл.95-в од Законот.
Одземениот канабис е сместен во магацинот на Агенција за управување со одземен имот.
Ново на Сител
-
Германската полиција застрела вооружен маж
-
Министерот Трипуновски очекува да се намали увозот на храна
-
Истражување: Јадењето инсекти неприфатливо за над 80 отсто од луѓето
-
Забрана за тешки товарни возила од 1 јули до 31 август
-
Косово го забрани увозот на овци и кози од Македонија
-
ФК Силекс и Општина Кратово организираат заедничко гледање на натпреварот со Дечиќ
-
Многу топло време и утре, освежување од сабота
-
Трамп бара ослободување од обвинение за Нетанјаху