Македонија
7. April 2026 - 12:14

Започна доасфалтирање и доуредување на улиците во индустриската зона „Металец“ кај Прилеп

Со инвестиција од 37,4 милиони денари од буџетот на Општина Прилеп започна доасфалтирање на улиците во индустриската зона „Металец“ кај Прилеп, од кои дел беа изградени пред повеќе години. Со ова се очекува подобрување на инфраструктурините услови во зоната и градење на нови фабрики и хали, пред се од домашните инвеститори. Се афалтираат скоро 1 км улици и од двете страни ќе имаат по 2 метар широк тротоар.

„Очекуваме со завршување на градежните работи дека ќе ги предизвикаме и оние инвеститори кои запреле во одредена фаза, а купиле државно земјиште за да градат одредени свои објекти, се надеваме дека и тие ќе продолжат и понатаму со своите активности, а како што кажав преземаме мерки за да се надминат некои проблеи кои ги има продолг период“, изјави Дејан Проданоски, градоначалник на Прилеп.

„Проектот е предвиден да се реализира во 3 дела. На еден дел има промена на атмосферска канализација, на друг има промена на фекалната канализација со кој пто би се решил овој проблем што сите го знаеме кој што го има на влезот на самата индустриска зона, и третиот дел е градежно конструктивниот прокет кој опфаќа асфалтирање, рамници и предвидено е ново улично осветлување по цела должина на зоната“, додаде Владимир Христоски, раководител на одделение за локални улици и патишта.

Според планираната динамика проектот треба да заврши во месец септември и зоната Металец да добие комплетно урбано средување.

„Се работи на оска еден на квадратура од околу 3.200 м2 која што е започната како прва фаза од изведбата. На изведбата и претходеше нова инфраструктуран мрежа, нови рамици, ширење на коловоз од 7 метри и асфалтирање во два слоја. Прв слој со дебелина од 9 цм, и втор слој со дебелина како заврпен слој од 4 цм.“, рече Филип Иваноски, изведувач на градежните активности.

Според планот на Општината тука во зоната Металец се предвидува и израградба на мол, односно трговски центар, на просторот од старата метална конструкција на фабриката Металец.