Заради пожар на депонијата во Радовиш градоначалникот апелира да се избегнува непотребен престој на отворено

Градоначалникот на Радовиш и командант на Кризниот штаб, Љупче Почивалец, во консултација со лекарите од Центарот за јавно задравје-Штип, апелира до граѓаните да избегнуваат непотребен престој на отворено и да се ограничат движењата, особено во периодите кога чадот од Депонијата е најинтензивен.
Имено, депонијата во Радовиш гори веќе петти ден и покрај огромните напори пожарот да се стави под контрола. На терен е ангажирана механизација која врши насипување со земја и целосно санирање на запалените површини за да се спречи натамошно ширење на пожарот.
Во препораките издадени од градоначалникот Почивалец, меѓу другото, се наведува и да се следат известувањата и препораките од надлежните институции преку радио, телевизија, интернет портали и мобилни апликации, да се почитуваат сите наредби за евакуација или засолнување доколку тоа биде побарано од надлежните служби, прозорците и вратите во домовите и работните простории да се држат затворени, да се исклучат клима уредите и системите за вентилација кои внесуваат надворешен воздух.
На граѓаните им се препорачува да престојуваат во затворени простории со што помалку отвори кон надвор, да не се приближува и да не се воспоставува контакт со отпад или предмети од погоденото подрачје сè до добивање официјална дозвола од надлежните служби, да се користат заштитни маски што филтрираат честички, при што најдобра заштита обезбедуваат маски од типот FFP2, FFP3 или N95. Уште се препорачува и да се избегнуваат спортски, рекреативни и други активности на отворено, да не се дозволува престој на деца на отворено, особено во дворовите на градинките и училиштата, а посебна заштита да се обезбеди за ранливите категории граѓани – децата, постарите лица, бремените жени и лицата со хронични заболувања, кои треба да останат во најзаштитените простории.
Доколку се појават симптоми како отежнато дишење, кашлица, печење во очите, вртоглавица или други здравствени тегоби, веднаш да се побара медицинска помош, а на работодовачите, според можностите, им се препорачува да овозможат ослободување од работа или работа од дома за ризичните категории вработени.
Се додава дека Општина Радовиш и сите надлежни служби континуирано преземаат мерки за локализирање и целосно гаснење на пожарот. Оттаму апелираат на смиреност, одговорност и почитување на препораките, со цел заеднички да го заштити здравјето на граѓаните.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: Жената треба да се чувствува најбезбедно во својот дом, со новиот закон се предвидуваат и електронски алки за насилниците
-

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан
-

Трамп: На САД не им треба договор со Иран
-

Трамп се закани со двојно зголемување на царините ако Мексико не го запре мигрантите
-

Криминална организација во Солун шверцувала над 17 милиони цигари и незаконски се стекнала со 1,36 милиони евра
-

По аферата со кинеска шпионка, оставка на извршниот директор на „Енвидија“
-

Фон дер Лајен на ЕПЗ во Даблин: ЕУ ќе ја поддржи Украина и во војна и во мир
-

Инвестирани над 40 милиони денари за Стоматолошкиот клинички центар „Св. Пантелејмон“
