Затворени училиштата на неколку грчки острови поради невремето

Училиштата на грчките острови Парос, Миконос, Сими, Кос и Родос денеска се превентивно затворени поради невремето што од вчера ја зафати Грција, а на Парос и Миконос предизвика материјална штета, каде што вчера од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки до жителите и посетителите на двата острови дека е забранет сообраќајот на сите возила, со исклучок на оние за итни случаи, јави дописничката на МИА од Атина.
По силниот и обилен дожд и невремето што вчера попладне ги зафати Кикладските острови во Егејското море и предизвика поплави и проблеми и најпогодени беа Парос и Миконос, каде што улиците се претворија во реки и водата повлече паркирани автомобили, утрово ситуацијата е подобрена, но се пребројуваат штетите.
Градоначалникот на Парос Костас Бизас утрово за грчката телевизија ЕРТ рече дека најголемиот проблем на островот бил вчера од 15 до 19 часот и најпогоден е градот Науса, објасни дека од невремето околу 39 автомобили претрпеле штети, а штети има на патната мрежа, со што, како што истакна е опасна за сообраќај на возила.
Дополнително посочи дека досега немаат видено толку обилен дожд на островот, а нагласи дека за среќа немаше повредени граѓани.
Во текот на вчерашниот ден поради обилни врнежи од дожд на Парос и Миконос, Противпожарната служба на Грција примила вкупно 160 повици за помош, а интервенирале за 13 лица да бидат пренесени на безбедни места на Парос.
Противпожарните сили на Миконос, биле зајакнати со двајца пожарникари со едно возило кои пристигнале од островот Тинос и четворица пожарникари со две возила од Андрос, додека на Парос пристигнале шест пожарникари со три возила од соседниот остров Наксос.
Вчера, хеликоптер од Атина со осум пожарникари се упати кон Парос за доколу е потребна дополнителна помош, меѓутоа поради невремето и опасните временски услови не успеа да стигне и се врати во грчката метропола.
Доцна синоќа од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите на островите Хиос, Самос и Икариа дека до рано утрово се очекуваат интензивни временски појави, им препорачаа на бидете внимателни во движењата и да ги следат упатствата на надлежните, а во текот на вчерашниот ден иста порака добија сите оние кои се на Кикладските острови.
Порака од 112 за забрана за сообраќај на возила, беше испратена до жителите и посетителите на Парос и Миконос.
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ со своја Резолуција во Собранието
-

Медиуми во Австралија: Крвавот напад на плажата Бонди го извршиле Саџид и Навид Акрам
-

На грчки брод откриени неколку тони кокаин
-

Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на собраниска седница
-

Фудбалер на македонскиот фудбалски клуб Рокдејл Илинден убиен во пукањето во Сиднеј
-

Зголемено нивото на водата во повеќе реки во земјава
-

Австралискиот премиер предлага построги закони за оружје по масовното убиство на плажата Бонди
-

Богати празници со „Лото 7“: 7-ка над 1 000 000 евра може да оствари повеќе од еден сон
