Заврши 40. јубилејно издание на „Макфест“, на Стојан Троицки основачот на фестивалот му беше врачено признание „За животно дело“

Заврши 40.јубилејно издание на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ во Штип. Третата фестивалска вечер беше резервирана за безвременските песни, хитови кои беа испеани низ изминатите четири деценции на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“. Организаторот, односно градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов на основачот на Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ му врачи признание за животно дело. Со многу овации, емоции, солзи, неколку минутен аплауз публиката му одаде почит на Стојан Троицки. Признанија добија и уметничките директори на фестивалот „Макфест“, кои во изминатите 40 години биле дел од него.
На сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип синоќа во еден глас публиката пееше 16 безвремнските хитови, меѓу кои „Осамен“ на Трајче Манев, „Признавам“ на Маријана и Росана, „Моја гитара“ на Гиш. Питер Џон Босе со „ Самба во Штип“, „Ангели ме носат“ на Силви бенд, „Свирете ја зајди, зајди“ на Олгица Христовска, потоа „Сонце за три светови“ на Мики Јовановски Џафер, „Твоите очи сини“ во емотивна изведба на Тања Кочовска, Владо Јаневски со „Еден бакнеж“, Коки Јанков „Виолина и гитара“. Во еден глас публиката и Ристо Самарџиев ја пееја „Таму кај што си“, потоа „Љубов се пишува“ на Бојана Скендеровска, Јован Јованов и Маја Саздановскси хитот „Магија и Ти ме сакаш знам“. Публиката се потсети и на хитовите „Тања“ во изведба на Емил Канаваро и Дарко Андонов, „Не планирам“ на Ламбе Алабаковски и вечерта заврши со „Бела“ на Пајак и Лара.
Фестивалот на забавни мелодии „Макфест“ по повод 40. годишниот јубилеј не ги заборави и луѓето кои низ годините се зад сцената и новинарите и медиуми, на кои им беа врачени признанија, статуетки, а меѓу кои и на државната агенција МИА, која е со најстариот и единствениот Фестивал на забавни мелодии „Макфест“ во изминатите децении.
Штип во изминатите три денови живееше во ритамот на „Макфест“, на сцената на Центарот за култура „Ацо Шопов“ беа испеани нови 27 композиции. „Макфест“ на јубилејното издание покажа дека останува симбол на Штип и на македонската песна. Фестивалот е финансиски поддржан од Општина Штип, Министерството за култура и општествено-одговорни компании. И оваа година водители на „Макфест“ беа шармантните Маријана Станојковска и Димитар Атанасовски.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ со антикорупциски тим на партијата ќе ги открива скандалите на ВМРО- ДПМНЕ
-

Груевски и Заев се скараа преку социјалните мрежи
-

Избори на пролет или во 2028-ма?
-

Радев: Впишувањето на Бугарите во Уставот на Македонија ќе го забрза нејзиниот пат кон ЕУ
-

Раст на економијата од 3,8% во 3 квартал регистрира статистиката
-

Минимално поевтинува преносот и дистрибуцијата на струја, се чека ЕВН да ја соопшти официјалната цена
-

Светски ден на волонтерството – Пратениците на еден ден беа волонтери на Црвениот крст
-

48 американски волонтери од Mировниот корпус ќе бидат ангажирани во македонските училишта
