Македонија
17. February 2026 - 10:24

Заврши процесот на регистрација и доброволна дерегистрација на ДДВ обврзниците

Управата за јавни приходи ја заврши регистрацијата и доброволна дерегистрацијата на даночните обврзници за данокот на додадена вредност (ДДВ).

Од УЈП денеска информираа дека врз основа на поднесените барања во текот на јануари извршена е регистрација на 1.199 даночни обврзници за што се донесени исто толку решенија за задолжителна и доброволна регистрација за ДДВ.

Во истиот период, врз основа на барањата за доброволна дерегистрација, Управата за јавни приходи извршила и прекинување на регистрацијата кај 231 обврзници за што се донесени исто толку решенија за дерегистрација.

Рокот за поднесување на пријавите беше до 15 јануари. 

МИА