Заврши реконструкцијата на Блокот А од студентскиот дом „Гоце Делчев“
Во текот на идната недела ќе почне вселувањето на судентите во комплетно реновираниот блок А во студентскиот Гоце Делчев. Денеска домот го посетија заменик министерот за образование Спиро Ристовски и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски.
Собите во домот добија нов изглед.
Во блокот А во функција се и новите лифтови.
Студентите во Гоце ќе можат да ги користат и новите 50 перални и исто толку машини за сушење алишта во вредност од 200 илјади евра кои беа дел од програмата за млади на партијата.
За 10-тина дена ќе почне темелната реконструкција и на останатите два блока В и Г во Студентскиот Гоце. Вкупната инвестиција во овој дом е околу 6 милиони евра. А во меѓувреме и во останатите студентски домови во државата во тек е замена на стариот со нов мебел. Проект кој чини 1,5 милион евра и треба да заврши за 2 месеци.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
